Илјадници Филипинци вчера во чест на римокатоличкиот Велики петок учествувале во традиционалното камшикување и распнување на крст.
Најмалку 60.000 верници и љубопитни лица присуствувале на крвавите ритуали ширум државата, чија цел е луѓето да се потсетат на маките кои ги доживеал Исус Христос.
Според наводите на медиумите, бискупите ги осудуваат овие ритуали, меѓутоа Филипинците не се откажуваат од повеќегодишната традиција.
Поворката оваа година ја предводел Рубен Енаје (54), кој истакнува дека веќе 29 години е распнуван на крст.
-Оваа жртва ја принесувам за својата држава и за сите на кои им е потребан помош. Воедно се молам, тајфунот кој наводно треба да ја зафати државата да не однесе многу животи и да не ја опустоши земјата, вели тој пред ритуалот.
Е.Г.