Археолозите не се криминалци: Петиција за поддршка на осудените колеги

Од:

Македонското археолошко научно друштво иницираше собирање потписи за поддршка на нивните седуммина колеги кои се осудени на вкупна затворска казна од 30 години. Во петицијата која е насловена „Археолозите не се крминалци“ пишува дека казните се премногу големи и невообичаени за нашето судство.

„Системскиот проблем на несоодветни складишта во нашите музеи и недостигот од елементарни услови за правилно и за безбедно складирање на вредни артефакти, не се и не можат да бидат маскирани на овој начин. Општествената одговорност не може и не мора да има само лични имиња. Ве молиме, потпишете ја оваа петиција како поддршка за нашата молба за правда на нашите колеги и на нашата професија“, пишува на петицијата.

Освен петицијата, Македонското археолошко друштво, в понеделник во 11 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе зборуваат за пресудите на нивните колеги, лошите услови во институциите и неоодветните законски регулативи.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

На штипскиот локалитет Пилав Тепе откриена доцноантичка некропола

А1он

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост

А1он

Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

А1он

(ВИДЕО) Заев: Светот ќе го види Стоби во полн сјај по реставрацијата

Ана Ололовска

Обука на археолози за подводни истражувања

Наум Локоски

Нов археолошки наод во близина на Виничко кале

Емир Латифовиќ