Слободоумни патриоти: „АД Груевски и пријателите“ не може да исклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Форумот на Слободоумни патриоти реагираше по одлуката од партијата ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи професорот Јове Кекеновски. Тие сметаат дека одлуката е бесправна и беспредметна. Писмото на форумот ви го пренесуваме во целост.

Неодамна од Вас е пристигнато писмо со кое известувате дека за лицето ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ е донесена Одлука за утврдување на дисциплинска одговорност – исклучување од ,,партијата” т.е од членство во АД „Н. Груевски и пријателите”.

Одлуката е потпишана од Претседател на дисциплинска комисија извесен Зоран Дионисијев, времено ангажиран во Вашето акционерско друштво.

Ве известуваме дека проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ, никогаш не бил член на Вашето АД, бидејќи е член на ВМРО ДПМНЕ од самото нејзино основање и член на Форумот на слободоумни патриоти и оттаму Вашата одлука е беспредметна и бесправна.

Затоа, најљубезно истата Ви ја враќаме назад со замолница во иднина поажурно да си го водите списокот на членови на Вашето АД „Н. Груевски и пријателите”.

Со почит,
03.04.2015 Скопје
КООРДИНАТИВНО ТЕЛО на
ФОРУМОТ НА СЛОБОДУМНИ ПАТРИОТИ
ОСНОВАН ОД ЧЛЕНОВИ НА ВМРО ДПМНЕ
Горноврановска 122, Скопје

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира