Колач „Медено срце“

Од:

Тестото е исто како она на вистинските купечки медени срца. Едноставно е супер, ефтин и лесен колач или торта, како сакате. Во овој колач нема јајца! Еве го рецептот:

Потребно е: 
1 чаша шеќер (со онаа со која ќе почнете да мерите, со таа продолжете (за кафе, млеко…))
2 чаши брашно
1 пакетче пециво
половина кесиче цимет
3 лажици какао
3 лажици масло за јадење
5 лажици мармалад (или мед)
1 чаша кисела вода
1 пакетче ванилин шеќер (по желба)

(за глазура): 
100 гр чоколадо за готвење
7 лажици масло за јадње
4 лажици вода

Подготовка: 
– Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса.

– Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно.

– Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени.

– За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги.

– Глазурата прелијте ја врз испечениот колач.

– Сечете на коцки и сервирајте го претходно убаво оладен во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска