Водич за џихадисти – понесете адаптер за струја

Од:

Танјуг – Белград

На интернет кружат брошури за идните борци на Исламската држава, кои се како препораки за авантуристичко патување, укажува виенскиот весник Пресе, во кои меѓу другото се вели дека на странците препорачуваат да спакуваат и исправен адаптер за струја.

Штитниците за колена се важни, вреќи за спиење исто така, се тоа стои во брошурата на англиски јазик преку која Исламската држава дава совети на идните борци за патување во Сирија. – Некои доаѓаат така неподготвени што тоа е едноставно лудо – се наведува во документот под име Хиндшра до Исламската држава, кој е наречен според патот на Мухамед од Мека до Медина во 622 година, што претставува почеток на исламското сметање на времето.

Според информациите на израелскиот центар за борба против тероризмот и информации ITIC брошурата прв пат се појавила во февруари, а обидите на западните власти да го спречат пристапот до екстремистичкиот терористички водич. Биле неуспешни, пренесува Пресе.

На новите борци се даваат совети да патуваат преку Турција, со малку багаж, тврдејќи дека се туристи.
На поддржувачите на Исламската држава кои сакаат да се приклучат на борците, исклучително се советува при патувањето да се облечат комотно, за да не привлечат внимание.

Патувањето до Истанбул до пограничната територија како што стои во брошурата, треба да се изврши ноќе, со меѓународни автобуси.

Во посебен дел на водичот за жените поддржувачи на Исламската држава се истакнува да избегнуваат патување во поголеми групи и со себе да носат резервна марама, која можат да ја користат ако во случај на граница им се искине облеката од бодликава жица.
Турција која е на удар од западот, во меѓувреме ги засили безбедносните мерки на своите граници.

Тој факт го наведоа авторите во водичот кој е напишан на 50 страници наведувајќи дека станало се потешко на турската граница, како и совет дека борците не треба повеќе на своја рака да се обидуваат да ја поминуваат границата, туку од Турција преку Твитер да стапат во контакт со претставниците на Исламската држава.

Во брошурата се наведени повеќе контакти на Твитер за овие цели.
Брошурата на исламската држава се чита како една препорака за патување на авантуристички одмор.

Така борците треба да внимаваат со себе да понесат исправен адаптер за струја, штитници за колена и лактови, бидејќи во текот на обуката и во борбите мора многу да ползат.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска