Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Од:

Околу 100 џихадистички борци се удавија во реката Језарам, во североисточна Нигерија, во обид да избегаат од воената копнена и воздушна офанзива, соопштија денеска извори блиски до тамошните безбедносни сили.

Нигериската армија минатата недела ја почна офанзивата за да ги истера џихадистите од неколку села покрај реката Језарам.

Сакајќи да ја препливаат реката, многу од уморните џихадисти се удавиле.

Реката Језарам се наоѓа во нигериската држава Борно, во близина на шумата Самбиса, главното скривалиште на исламистичките групи Боко Харам и африканскиот огранок на Исламската држава.

Воени претставници изјавија дека армијата ги нападнала џихадистите кои морале да ги напуштат своите позиции и да побегнат. Во таа офанзива загинаа четворица нигериски војници.

Според податоците на ОН, во конфликтот меѓу нигериските власти и џихадистите, кој почна пред 13 години, досега загинале 40.000 лица, додека два милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он