Поради голем интерес на публиката во март, театар „Комедија“ ќе ја продолжи до крајот на театарската сезона акцијата „Грст насмевки = 100 ден.“.
– Акцијата што ја воведовме во март се покажа повеќе од успешна. Гледалиштето со капацитет од 330 седишта, беше целосно исполнето на сите 17 претстави кои беа на репертоарот во март, што значи дека минатиот месец 5.500 луѓе го посетиле театарот „Комедија“. Следејќи го импулсот и желбите на публиката, одлучивме акцијата да продолжи до крајот на театарската сезона, соопшти „Комедија“.