Овие вкусни залачиња може да ви послужат како закуска со разни сосови или пак како додаток на некое јадење …
Потребно е:
350 гр сварена палента
1 јајце
1 лажица пармезан
70 гр салама (по избор), исецкана на коцкички
1 лажица брашно
сол, бибер
Подготовка:
– Сварената палента оставее ја да се излади и додадете ги јајцето и пармезанот. Најубаво со раце убаво замесете ја смесата за да се соединат состојките.
– Додадете ја ситно сецканата салама, сол и бибер, по желба. Додадете го и брашното и повторно замесете ја смесата.
– Во сад на рингла загрејте го маслото. Со раце земајте мали парченца од смесата и обликувате ги како топчиња.
– Топчињата ставете ги да се пржат во врелото масло. Кога ќе добијат убава боја извадете ги од маслото и ставете ги на кујнска хартија за да се упие вишокот маснотија.