Еден од најактивните вулкани во Индонезија, Локон, повторно се активираше и почна да исфрла облаци од пепел, а сето тоа беше проследено со голема бучава, изјави индонезискиот вулканолог Фарид Бина.
Вулканот на планината Локон, висока 1.580 метри, во северната покраина Сулавеси, вчера се активираше седми пат од средината на септември и предизвика голем бука, која се слушаше на пет километри оддалеченост.
-Произведуваше звук налик на грмотевици. Не можеме да ја откриеме висината на ерупцијата, бидејќи густи обласи го покрива врвот на планината, истакна Бина и додаде дека дожд од кал паднал во околината.
Властите засега не планираат да го зголемат нивото на предупредување од опасност од вулканот, иако најблиското село од 250 жители е оддалечено 2,5 километри од вулканот.