Американската морнарица е загрижена поради планот на Кина да изгради „голем ѕид од песок“ во Јужното кинеско море, бидејќи со овој потег Кина ја зголемува својата територија и тоа би можело да предизвика тензии во регионот.
-Кина гради ѕидови од песок на живи корални гребени а потоа ги зајакнува со бетон. Тие до сега направија четири квадратни километри- изјави американскиот адмирал Хари Харис.
Тој додал дека овој регион е познат по своите природни убавини, но дека сега е видлив остар контраст кој го создаваат кинеските багери и булдожери на тоа подрачје.
Е.Г.