Ветувачки резултати од испитувања на експериментална вакцина против ебола

Од:

Раните испитувања на експериментална вакцина против ебола, две во САД и четири во Африка и Европа, покажуваат дека таа е безбедна и брзо создава антитела, кои се борат против болеста, јави ДПА.

Бидејќи при тестирањето не е возможно доброволци да бидат подложени на ризикот да се заразат, производството на антитела е мерител за тоа дали вакцината може да ја спречи болеста или дури да ја лекува.

Моментално нема вакцина или специјален лек за болеста, од која досега загинаа речиси 10.500 лица во Западна Африка, според податоци на Светската здравствена организација. Тоа е најтешката епидемија на ебола во историјата, но изгледа, дека конечно таа почнува да се става под контрола.

Тестираната вакцина е ВСВ-ЗЕБОВ, развиена во Агенцијата за јавно здравје на Канада. Патентот е на фармацевтскиот гигант Мерк.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски