ФОТО: Утре „бомба“ и протестен марш во Куманово

Од:

Високи претставници од централното раководство на СДСМ утре во 14 часот во Куманово ќе објават „бомба“, односно нови телефонски разговори, кои се продолжение на проектот „Вистината за Македонија“.

Инаку тие утре во 12:30 часот ќе остварат средби со стечајните работници, новинари и земјоделци.

-Членовите ќе остварат средби со луѓето во градски, приградски и рурални средини каде ќе разговараат за актуелната економско-политичка состојба-изјави портпаролот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Сашо Тодоровски.

Инаку утре со почеток во 18:30 часот симпатизерите и членови на СДСМ ќе започнат протестен марш, кој што ќе започне пред зградата на поранешен Комитет.

-Ја користиме оваа можност да ги поканиме сите граѓани што помасовно да ни се приклучат во давањето отпор на моменталната власт во Македонија, со цел да ја покажеме нашата храброст-додаде Тодоровски.

Маршот ќе го предводат претставници од централното партиско раководство, заедно со претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, градоначалникот и пратениците.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години