Демант од Мијалков на „бомбата“ на СДСМ

Од:

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ги демантираше денешните обвинувања изнесени од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во реакцијата се наведува дека Заев изнел огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанел огромна штета на Министерството како институција, но и на него лично како директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

– За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“. За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава, вели Мијалков.

Не станува збор, појаснува Мијалков, за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја добило Министерството за внатрешни работи.

– Донацијата од 5.557.377 евра е примена. Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев. Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“