Брза и вкусна крем салата.
Потребно е:
250 гр кашкавал гауда, исечен на ленти
250 гр шунка, исечена на ленти
200 гр маринирани шампињони
1 главица кромид
1 лажица лимонов сок
100 мл мајонез
сол, по вкус
Подготовка:
– Саламата и кашкавалот исечете ги на долгнавести летни, па на поголеми коцки.
– Шампињоните исцедете ги од водата и исечете ги на ленти.
– Кромидот исечкајте го на покрупни, но текни парчиња.
– Сите состојки ставете ги во сад за салата, измешајте, додадете ги мајонезот и сокот од лимон. Пробајте на вкус и додадете сол, по потреба.
– Убаво измешајте ја салатата и оставете ја во фрижидер околу 1 час.