Благи кошнички со крем и шумско овошје

Од:

Крцкави кошнички полнети со шумско овошје и фил од крем сирење. Вистинско уживање.

Потребно е: 
3-4 готови кори за баклава
50 гр путер

за филот со крем сир: 
500 гр крем сирење
150 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
изрендана кора од еден лимон
3 јајца
20 гр пудинг во прав од ванила

за овошниот фил: 
200 гр микс од шумско овошје (замрзнато)
200 мл вода
20 гр шеќер
20 гр пудинг во прав од ванила
50 гр бело чоколадо

Подготовка: 
– Рерната загрејте ја на 160 целзиусови степени. Во тенџерче растопете го путерот.

– Земете еден лист од корите и целиот намачкајте го со растопениот путер. Исечете квадрати со димензии 12×12 см. Земете три квадрати, залепете ги едно над друго и ставете ги во калап за мафини. Лесно притиснете надолу за да може да се филуваат.

– Филот направете го така што со миксер ќе ги изматите крем сирењето, двете врсти шеќер и пудингот. Потоа, едно по едно додавајте од јајцата и матете додека да се соедини филот.

– Со овој фил наполнете ги кошничките рамномерно, но не претерувајте со филувањето.

– Печете во загреаната рерна околу 25 минути.

– За тоа време, во тенџерче ставете 100 мл вода, шумско овошје и шеќер. Почекајте да зоврие. Останатите 100 мл вода разматете ги со пудингот и ставете ги во смесата со овошје. Гответе додека да се згусне филот. Кога филот ќе биде готов, ставете го чоколадото, претходно искршено на парчиња.

– Оладените кошнички филувајте ги со овошниот фил.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска