Најмалку 62 деца се убиени, а 30 се повредени во текот на последните седум дена во Јемен, каде се водат жестоки борби, сооопшти денеска УНИЦЕФ.
-На децата очајнички им е потребна заштита и сите страни во судирот треба да направат се што е во нивна моќ за да ги обезбедат, рече претставничката на УНИЦЕФ за Јемен, Џулиен Хернис.
Судирите во Јемен драматично се засилија откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија, во текот на викендот ги засили воздушните напади во оваа земја, за да го запре напредувањето на шиитските бунтовници од племето Хути, потсетуваат француските медиуми.
Како што соопшти УНИЦЕФ, во борбите тешко се оштетени здравствените и образовни служби и влошени се веќе и онака лошите услови за децата, кои се соочуваат со недостиг од храна и акутна неисхранетост.
Исто така, заради насилството децата се преплашени, а многу се регрутирани како војници, додава УНИЦЕФ.