Кремаста, вкусна, освежителна …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
5 јајца
70 гр шеќер
60 гр мелени ореви
50 гр пченично остро брашно
2 лажичиња прашок за пециво
4 белки
прстофат сол
1 лажица шеќер
прелив за бисквитното тесто:
100 мл млеко
2 лажици рум
за првиот крем:
200 гр јагоди
2 кесички прелив за торта (Долчела)
80 гр шеќер
500 мл вода
неколку капки екстракт од јагода
за вториот крем:
500 мл слатка павлака за шлаг
5 кесички ванилин шеќер
200 гр крем сирење
200 мл течен овошен јогурт од јагода
неколку капки екстракт од рум
1 кесичка желатин
5 лажици вода
за украсување:
јагоди
мали чоколадни јајца
Подготовка:
– Прво подгответе го бисквитното тесто. Во еден сад убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги мелените ореви, брашното и прашокот за пециво.
– Во друг сад ставете ги белките, прстофат сол и шеќерот и убаво изматете да добиете густо шне.
– Изматените белки додадете ги во смесата со јајца и брашно и полека измешајте со дрвена лажица.
– Вака добиената смеса сипете ја во тава (32х22 см) претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 25-30 минути. Изладеното бисквитно тесто исечете го на половина по должина така што ќе добиете две кори.
– Во чинија за сервирање најодоздола ставете проѕирна пластична фолија и ставете ја првата кора.
– Измешајте ги млекото и румот и со половина од течноста искапете ја првата кора.
– Сега распоредете ги јагодите исецкани на листови.
– За првиот крем содржината на кесичката за прелив за торти помешајте ја со шеќерот и 6 лажици ладна вода. Преостанатата вода загрејте ја до вриење, тргнете ја од рингла и сипете ја горната смеса. Повторно смесата загрејте ја до вриење, па оставете ја да се излади, а потоа додадете го екстрактот од јагода во неа. Прелијте ја преку јагодите и оставете да се излади 15-30 минути.
– За вториот крем, слатката павлака изматете ја во густ шлаг. Во шлагот измешајте го ванилиниот шеќер, крем сирењето, овошниот јогурт и румот.
– Желатинот помешајте го со вода и оставете го да набабри 10-тина минути. Мешавината загрејте ја за да се растопи, тргнете ја на страна и додадете 1 лажица од првиот крем. Измешајте убаво.
– Така подготвениот желатин помешајте го во вториот крем и веднаш нанесете го на колачот.
– Одозгора ставете ја втората кора и натопете ја со преливот од млеко и рум.
– Тортата оставете ја неколку часа убаво да се излади во фрижидер.
– На крај тортата прекријте ја со глазура од бела чоколадо, а потоа со глазура од темно чоколадо.