Најмногу поплаки за трудовите и пазарните инспектори

Од:

Од почетокот на годината до Инспекцискиот совет се пристигнати 64 претставки од граѓани и компании кои по разни основи се жалат на работата на инспекторите. Најмногу поплаки има за инспекторите од Трудовата и од Пазарната инспекција.

– Поплави најмногу има за несоодветно, некултурно или неправилно постапување на инспекторите. Претставките не значи дека секогаш има инспекциска повреда. Секој кој ќе биде казнет, на некој начин сака да се пожали некаде, но имаме и доста случаи кога жалбата е оправдана, изјави претседателот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов.

Тој најави и нов систем за оценување на работата на инспекторите кои ќе се оценуваат квартално со цел да се подобри квалитетот на инспекцискиот надзор.

За работата на четворица трудови инспектори од кои двајца од Скопје и по еден од Тетово и Струга се пожалиле граѓани и компании чии претставки денеска се разгледуваат од страна на надлежните во Инспекцискиот совет. Покрај ова, на седницата ќе биде разгледана и жалбата за еден инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Минатата година од страна на инспекциските служби извршени се над 200 илјади инспекциски надзори од кои најголем дел инспекции спровеле трудовите и пазарните инспекции и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Инспекторатот за земјоделство. Донесени се 41 илјада инспекциски мерки од кои најголем дел се решенија за отстранување на неправилностите, 1,5 илјада мандатни казнувања, 3,2 илјади покани за плаќање глоба, 3,6 прекршочни и 45 кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов

Сигурни градови, Маалски полицаец, Комунална полиција и Е-инспектори за ред и правда

Ана Ололовска