Тајните на грчкиот список

Од:

Етнос – Атина

Минатиот понеделник, грчкиот премиер Алексис Ципрас влезе во 17 часот во германското канцеларство. Кога излезе од таму беше полноќ без десет минути. „Сосема невообичаена оддолженост“, напиша француски Монд и објаснува зошто „вообичаено, вечерите со Меркел во Берлин завршуваат околу девет навечер“.

Како што објави германската влада, двете страни се договориле да не соопштуваат ништо конкретно од разговорите Ципрас-Меркел.

Од канцеларството не сакаа никако да покажат дека влегле во улогата на германскиот Голиат кој го задушува грчкиот Давид.

Таквата слика би и нанела општоевропско зло на Германија. „Тоа не е никаков случај на судир меѓу Грција и Германија. Тоа е судир помеѓу Грција и останатите 18 земји членки на еврозоната“, упорно повторува Берлин. Но вистината е дека Германија е таа која и ја наметнува својата воља на еврозоната.

Германија не направи никаква отстапка за Грција, ако и веруваме на информацијата која беше објавена во германскиот печат. Во тоа не треба нималку да се сомневаме. Тревогата се однесува на отстапките кој најверојатно ги направил грчкиот премиер пред канцеларот на Германија, а не обратно.

Грција се наоѓа во „зоната на самракот на Европа“, напиша весникот на социјалдемократи интелектуалци Цајт во саркастична статија објавена на насловната страна.

– Никој во Европа не може да сака нестабилна Грција, која бара начин да си најде нови пријатели надвор од Европа. Уште помалку една земја која се повеќе тоне во популизам и национализам, откако се наоѓа во криза која не сака да ја заврши“, стои во истата статија.

Во заклучокот, текстот доаѓа до едно реалистичен, практичен впечаток. „Ципрас ќе треба повеќе пати да покажува дека сака да ги почитува правилата. А Германците ќе треба повеќе пати да се прават дека божем не забележуваат дека сите правила не се почитуваат… Таков е животот“.

Вистина е дека лево ориентираните Германци го предупредија Ципрас. „Меркел е лицемерна по прашањето на Грција“, напиша пратеничката Зара Вагенкнехт од партијата Левите на својата интернет страница. „Таа се појавува во добар стил во таа лоша игра… Планот на канцеларката за Европа е да го користи долгот како лост за распродажба на државните имоти во интерес на германските бизнис конзорциуми“, потцрта депутатката.

Постојаните германски напади врз Грција доведе до пад на влоговите во грчките банки во февруари, откако Сириза е на власт. Како што соопшти Централната банка на Грција, само во минатиот месец, првот откако Алексис Ципрас е премиер, од грчките банки биле повлечени 7,6 милијарди евра.

Се разбира, помалку е очигледно од јануари кога премиер беше Самарас. Тогаш од банките биле повлечени 12,2 милијарди евра. Дополнително уште четири милијарди евра биле повлечени во декември 2014 година.

Задушувањето на грчката економија кон кое свесно стреми канцеларството во Берлин за да го понижи Ципрас, всушност не се должи на повлечените депозити од грчките банки. Минатата година во јануари депозитите изнесувале 148,04 милијарди евра, а во јануари оваа година 140,47 милијарди евра.

Помалку депозити во вредност од 7,5 милијарди евра е нешто сосема нормално за една земја чии жители непрестано стануваат се посиромашни. Како што може да се забележи, ликвидноста се става на капкомер од Европската централна банка, што води до задушување на реалната економија на земјата.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето