Пилешко и печурки во лиснато тесто

Од:

Комбинација од пилешко месо, печурки, јајца и павлака во лиснато тесто … Многу фино и вкусно јадење.

Потребно е:
500 гр замрзнато лиснато тесто
500 гр пилешко бело месо
400 гр печурки
јајца
младо кромидче
1 чешне лук
мелен сув зачин
мајчина душичка
мелена црвена пиперка
власец
сол, бибер
50 гр кашкавал гауда
малку маслиново масло

Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на поголеми парчиња, зачинете го со сол, бибер, мелен сув зачин и мелена црвена пиперка. На малку загреано маслиново масло пропржете ги парчињата месо од сите страни.

– Печурките измијте ги убаво и исецкајте ги на тенки листови. Младото кромидче и чешнето лук исецкајте ги ситно. Продинстајте ги заедно на истата маснотија на која го пржевте месото. Зачинете по вкус, со сол, бибер и мајчина душичка.

lisnato11

– Двете кори лиснато тесто ставете ги на работната површина и развлечете ги со димензија на тавата во која ќе печете. Ставете ги една врз друга во  намастената тава и одсечете го вишокот тесто кое излегува надвор од рабовите на тавата.

– На тестото ставете прво половина од смесата со печурки, потоа ставете го рамномерно месото и на крај завршете повторно со печурките.

lisnato12– Убаво изматете ги јајцата со киселата павлака и прелијте над печурките. Одозгора изрендајте го кашкавалот.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска