Исламисти од терористичката група Боко Харам убиле над 7.300 цивили во Нигерија и соседните држави од почетокот на 2014 година, вклучително 1.000 лица оваа година, соопшти претставник на ОН, пренесува ДПА.
Советот за безбедност на ОН е информиран за хуманитарната ситуација во регионот, бидејќи се подготвува предлог резолуција што ќе овозможи мултинационални сили да се борат против екстремистичката група.
Заменикот шеф на одделот на ОН за хуманитарни прашања Кен-ва Кан изјави дека во регионите, каде дејствува Боко Харам се оштетени над 300 училишта и работат под 40 проценти од здравствените институции. – Често се соопштува за брутални кршења на човековите права, вклучително сексуално насилство и трговија со деца, истакна тој.
Околу 1,5 милиони лица се раселени од мај 2013 година во регионите под контрола на Боко Харам.