СВР-Битола во 1.974 сообраќајни контроли регистрира 463 сообраќајни прекршоци

Од:

СВР-Битола во периодот од 23 до 29-ти март изврши сообраќајни контроли на вкупно 1.974 возила и притоа констатирани се 463 сообраќајни прекршоци.

– Во најголем дел односно во 68 случаи констатирано е пречекорување на дозволената брзина, во 58 некористење сигурносен појас, 53 случаи на погрешно паркирање и 52 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, информираше Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

Во текот на седмицата на територијата на СВР-Битола се случиле 14 сообраќајни незгоди, во една сообраќајна незгода едно лице го загубило животот, во една незгода едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во една незгода лице се здобило со телесни повреди, а во 11 сообраќајни незгоди предизвикана е материјална штета,

Од СВР-Битола потврдуваат дека во однос на претходната седмица, зголемен е бројот на контролирани возила, како и на констатираните прекршоци. 

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски