САД и ЕУ со критики до турскиот закон за внатрешна безбедност

Од:

САД и Европската унија упатија критики кон законот за внатрешна безбедност, кој кон крајот на минатата недела беше усвоен во турскиот Парламент, а кој од опозицијата беше означен како „убиец на слободата“.

Првата реакција дојде од портпаролот на Стејт департментот Џеф Ратке, кој ги изнесе стравувањата на Вашингтон од законот и предупреди дека „препреките пред основните слободи не ги зајакнуваат, туку ги ослабуваат демократските општества“.

– Се солидаризираме со загриженоста на невладините организации во врска со Законот за внатрешна безбедност, истакна Ратке.

Загрижеост изрази и Европската унија. Портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека законските измени не се усогласени со Комисијата.

Таа посочи дека целта на зголемувањето на внатрешната безбедност за граѓаните треба да се реализира со стриктно почитување на светските права и слободи и европските стандарди.

Турскиот Парламент усвои на 27 март скратена верзија на противречниот закон. Законот содржи спорни мерки, меѓу кои полицијата да може да извршува претреси, апсења или прислушувања на телефонски разговори врз основа на „обични сомневања“ и да ги задржува осомничените во притвор до 48 часа, наместо сегашните 24 часа.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска