Бан и честита на Нигерија за изборите

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун им честита на Нигеријците за одржување на претежно мирни избори и покрај нападите на огранизацијата Боко Харем.

Како што пренесе „Франс прес“, тој во своето соопштението ги осудил нападите на „Боко Харем и другите“ кои се обиделе да ги нарушат изборите и истакнал дека Нигеријците покажале флексибилност со тоа што и покрај тоа што биле соочени со насилство продолжиле со гласање.

Бан нагласил дека сите евентуални жалби на резултатите од изборите треба да бидат разгледани преку механизми за решавање на спорови.

-Успешното заклучување на изборниот процес, ќе означи важен чекор напред во консолидација на демократијата и владеењето на правата во Нигерија – истакнал генралниот секретар на ОН.

Инаку во тек на вчерашниот ден припадници на Боко Харем убиле 23 лица и го запалиле селото Буратаи, откако претходно убиле шест лица во два напади на гласачите на претседателските избори.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа