Ако ромскиот невладин сектор до 8 април не ги осуди погрдните зборови кои се слушаат во аудио-снимите што ги објавува опозицијата тогаш една голема група млади Роми ќе ве преименува во Цигани, најави лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски.
„Не се виновни тие што вака не нарекуваат, виновници се оние кои тоа им го дозволиле и се уште им го дозволуваат. Е, па, дојде време кога има се. Заедно сме посилни и јас сум Ром, ајде да покажеме на сите колку сме сложни. Ако невладиниот сектор не се огласи на овој наш аларм од Самка и Тончи, ние ќе се огласиме за вас, но со нешто друго. НВО, ве очекуваме“, пишува во таканаречениот аларм на Самка и Тончи.