Организацијата „Репортери без граници“ и Франс прес објавија денеска нов фотоалбум, во кој се претставени стоте херои бранители на слободата на печатот од Мартин Лутер Кинг до Нелсон Мандела, а меѓу нив се и личности како Едвард Сноуден и кубанската блогерка Јоани Санчес.
– Светската историја е прикажана на 150 страници со портетите на тие личности, кои својата борба ја претворија во битка на целото човештво, се наведува во воведот на албумот. Фотографиите се придружени со текст со појаснување.
Во него е содржана и статија од Жерар Биар, главен уредник на француското сатирично списание „Шарли ебдо“. Месеци по нападот врз неговиот неделник во Париз тој изјави дека „богохулството дава слобода“.
– Масакрот во Шарли Ебдо и во супермаркетот за кошер производи е брутална напомена, дека мирниот карактер на општествата не треба да не заспива и оти непријателите на слободата на совеста, на јавното изразување и на информацијата не напаѓаат, штом ќе ги затвориме очите, пишува генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар.
– Новинарите повторно станаа цели кои треба да бидат заштитувани. Битката за слободата на информацијата се води постојано, нагласува Емануел Ог, директор на Франс прес.
Албумот се продава за 9,90 евра. Сите приходи ќе бидат наменети за активностите на Репортери без граници.