Автокомпанијата Рено го разгледува повлекувањето од Формула 1 по критикина на сметка на нејзините мотори.
„Разгледуваме повеќе опции, вклучувајќи и повлекување од Формула 1 ако е тоа лошо за репутацијата на Рено“, изјави шефот Ситил Абитебул.
Ред Бул освои четири титули со моторите на Рено во своите болиди пред Мерцедес да ја прекина доминацијата на австрискито тим минатата година.
Францускиот производеите се најде на удар по доминацијата на Мерцедес на ГН на Австралија кога Даниел Рикардо ја заврши трката со круг заостанување во однос на Луис Хамилтон.
Шпекулациите велат дека француската компанија размислува да го купи Торо Росо бидејќи постојат наводно големи тензии помеѓу Ред Бул и Рено.