ФОТО: Колекција „Garden” S/S 2015 од Антонија Ристовска

Од:

Модната дизајнерка Антонија Ристовска ја претставува новата колекција пролет лето 2015 со наслов „Garden”. Колекцијата е наменета за беспрекорната жена, жена ослободена од предрасуди, која знае да го обои животот, жена космополит.

Garden1

Антонија ја претставува колекцијата преку две подколекции кои се во стилот на 50-тите и 70-тите, во елегантен глам-стил.

Garden5

Едната е романтична во пастелни тонови, со дизајн инспириран од полското цвеќе, рајска градина и птиците во пролет, додека другата е со геометриски дизајни, применети во претходната колекција Art en Deco на дизајнерката, кои сега во комбинација со големи цветни композиции го отсликуваат романтизмот на Art Nouveau движењето.

Garden9

Повеќето модели се надополнети со рачно изработени апликации и везови, со пролетен мотив, во форма на магнолии, ластовици… Кроевите кои се застапени се реекспрерија на кроеви препознатливи за брендот, а применете е и техниката мулаж при создавање на креациите.

Garden10

Посебна нота на колекцијата даваат дизајните на материјалите, кој е единствен и создаден за потребите на колекцијата. Брендот Антонија Ристовска секогаш бил препознатлив по користење на квалитетни материјали.

Garden13

„Овој пат за потребите на колекцијата заедно со графички дизајнер од Италија создадовме уникатни дизајни на материјали кои се печатеа во Италија. Дизајните се во шест различни варијанти, и припаѓаат на двете подколекции. Сите дизајни се печатени на природна свила и се со потпис на Антонија Ристовска.

Garden14

Во однос на кроевите, во колекцијата доминираат кратки и долги коктел тоалети, и венчални фустани, но застапени се и блузи, здолништа и пантолони. Колекцијата содржи и рачно изработени ланчиња и украси за коса со цветни мотиви. Боите кои се застапени се пастелно сина, праска боја, виолетова, како и темно сина и бордо.

Garden8

Колекцијата е претставена преку фотосесија која ја направивме во комплексот „Верина”. Локацијата со својот ројал амбиент совршено се вклопи со тоалетите. Заштитни лица на колекцијата се топ моделот Маја Ристевска и Јана Бурческа. Фотографиите ги направија Ани и Дими, шминката и фризурата се на Даниел Николовски, а цветниот аранжман е од Ателје Плус“.

Garden2 Garden3 Garden4 Garden6 Garden7 Garden11 Garden12 Garden15 Garden16 Garden17 Garden18 Garden19 Garden20 Garden21

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски