СДСМ Битола: Талески да ја преземе одговорноста за работењето на ЈП Водовод Битола

Од:

„Јавното претпријатие Водовод – Битола минатата година ја заврши со огромна загуба од 23 милиони денари заради изгубен судски спор со Јавното претпријатие Стрежево.

Водовод пред само 5 години ја зголеми цената на водата за огромни 117% и одбиваше преземената вода од ЈП Стрежево да им ја плати по пазарна цена.

Неодговорното однесување на раководството на Водовод на крајот го чинеше претпријатието цели 32 милиона денари“, изјави советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Златко Ќурчиевски.

„Голем дел од оваа сума се пресметани камати и судски трошоци коишто на крајот, ни криви ни должни, ги плативме ние граѓаните на Битола.

Го повикуваме Зоран Илиоски претседател Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола  и поранешен директор на Јавното претпријатие Водовод, да ни објасни на битолчани, зошто ние да плаќаме за неговите погрешни политики и проценки?

За жал ова не е сè. Самоволието на ВМРО – ДПМНЕ продолжува.

Новиот директорот  на ЈП Водовод, Горан Стефановски, неодамна кажа дека планира да го задолжи Водовод со дополнителни 6 милиони евра, под изговор дека само така можел да се консолидира водоводниот систем во општина Битола.

Она што тој не го кажува е дека во тој случај ќе следува уште едно зголемување на цената на водата бидејќи само така ЈП Водовод ќе може да го гарантира враќањето на кредитот.

Го повикуваме градоначалникот Владимир Талески конечно да излезе од илегала, да се соочи со проблемот и да ја преземе одговорноста за работењето на ЈП Водовод“, рече Златко Ќурчиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра