Клиничките испитувања врз две вакцини против еболата покажаа дека се безбедни за луѓето, соопшти Националниот институт за здравство на САД.
Станува збор за вакцини на британската ГлаксоСмитКлајн и на американската ЊуЛинк.
Анализите за безбедноста и ефективноста на вакцините беа спроведени во Либерија со учество на над 600 луѓе.
Според податоци на СЗО од почетокот на епидемијата на ебола во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале околу 10.300 луѓе, а околу 25.000 се заразени од вирусот.