Фотографија која ја одбележа воjната во Виетнам – 40 години од „напалм девојчето“

Од:

Поминаа 40 години откако е снимена познатата фотографија на тогаш деветгодишното девојче Фан Ти Ким Фук, која зафатена од пламенот трча гола, со раширени раце, бегајќи од своето село во пламен.

Црно – белата фотографија, која прикажува една од многубројните жртви во војната во Виетнам, ја направи фотографот на агенцијата „Асошиејтед Прес“ Хуин Конг Ут, попознат како Ник Ут.

Фотографијата стана еден од симболите на крвавиот виетнамски конфликт во кој Американците учествуваа од 1965 до 1975 година.

Ник Ут кој тогаш имал 21 година за сликата доби Пулицерова награда, а истовремено го спаси и животот на девојчето. Ја однел во најблиската болница и благодарение на неговиот публицитет, подоцна е згрижена во специјална болница.

„Навистина сакав да побегнам од тоа мало девојче, но изгледа фотографијата не сакаше да ме пушти“, вели Ким Фук, која денес има 49 години и која се уште се сеќава на тој кобен 8 јуни 1972 година, кога нејзиното село било нападнато со бомби.

Се околу нејзе горело, нејзиниот грб и лева рака биле зафатени од огнот, а таа само размислувала за тоа како изгорениците ќе ја направат грда и како поради тоа луѓето поинаку ќе ја гледаат.

napalm-girl-27865Фотографијата стана позната ширум светот, но не и Ким Фук, која после едногодишно лекување ја напуштила болницата и продолжила да живее во своето мало село. Неколку години подоцна, виетнамската влада ја испратила на студирање во Куба, каде го запознала својот сопруг, со кој во 1992 години побегнуваат во Канада.

После четири децении, Ким Фук може конечно да гледа во фотографијата на која трча избезумена и гола и да ја сфати нејзината моќна порака.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски