Папата ја затвори Сикстинската капела за туристите и организира посета за бездомници

Од:

Сикстинската капела во четврток попладне ќе се отвори за околу 150 бездомници и малку порано од вообичаеното ќе се затвори за туристите, соопшти денеска Светата Столица, во новата конкретна иницијатива која сведочи за грижата на папата Франциско за сиромашните.

Бездомниците во текот на обиколката на капелата, исто така, ќе прошетаат и низ ватиканските градини и ќе го посетат музејот на оваа мала држава во организација на полскиот прелат, папиниот делител на милостина монсињор Конрадо Крајењски, пренесува Хина.

Овие неочекувани посетители, поделени во три групи, додава дневниот весник „Л’Оссерваторе Романо“, ќе имаат водич кој ќе ги спроведе пред Домот на света Марта каде престојува папата, инаку роден во  Аргентина, а потоа ќе прошетаат низ дел од величанствените градини.

Бездомниците потоа ќе минат низ Ватиканските музеи и на крајот ќе дојдат во Сикстинската капела која ќе може полека да ја разгледаат. Тој ден славната капела, која ја наслика Микеланџело, ќе се затвори во 16 часот по средноевропско време.

Под славните фрески што го прикажуваат создавањето на светот и последниот суд, предвидена е заедничка молитва. Потоа во кафетеријата на музејот ќе биде организирана заеднички оброк.

Папата Франциско поттикнува каритативни иницијативи на својот делител на милостина, кој лично им подели влезници на бездомниците кои во голем број спијат околу Плоштадот на свети Петар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше