Вкусен сочен чоколаден колач ...
Потребно е:
4 јајца
100 гр шеќер
250 гр чоколадо за готвење
100 гр бело чоколадо
6 лажици омекнат путер
120 гр брашно
60-80 гр какао во прав
прстофат сол
300 мл пиво
Подготовка:
– Намастете ја тавата за печење (со димензии 22х32 см) и малку посипете ја со брашно. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
– Во еден сад изматете 2 јајца со шеќерот околу 2 минути.
– На пареа истопете ги и белото и темното чоколадо заедно со путерот. Оставете малку да се излади па оваа смеса додадете ја кај јајцата.
– Во друг сад измешајте ги брашното, какаото и солта и додадете ги во горната смеса. На крај додадете го и пивото.
– Смесата сипете ја во тавата и ставете да се пече во загреана рерна 30-тина минути (колачот никако не треба да биде препечен, треба да остане сочен).
– Колачот оставете го да се излади во тавата, исечете го и посипете го со шеќер во прав.