Најголемата социјална мрежа на светот Фејсбук, претстави уште еден новитет наречен „On This Day“ или на Денешен ден.
Со помош на овој додаток, корисниците ќе можат да прегледаат што се случило на денешниот ден на нивните профили. Фејсбук ќе ги прегледува сите објави кои се случиле во изминатите години и ќе направи селекција врз основа на нив.
Оваа опција се уште не е достапна за сите корисници, а кога ќе биде, ќе добиете информација за тоа на својот newsfeed. Постовите ќе бидат видливи само за вас, но доколку сакате ќе можете да ги споделите со пријателите. Исто така, ќе биде можно да ги избришете или едитирате тие постови.