Екипите на Уникс, Химки и на Гран Канарија се пласираа во полуфиналето на кошаркарскиот Еврокуп и му се придружија на Банвит кој место во најдобрата четворка обезбеди уште во вторникот.
Уникс во реваншот со Локомотива Кубан триумфираше со убедливи 21 поен разлика и со тоа го надополни минусот од девет поени по првиот меч.
Убедлива победа забележа и Химки на домашен терен со Валенсија, додека Гран Канарија во реваншот со Каршијака ги одбрани десетте поени од првиот натпревар.
Резултати:
Локомотива Кубан – Уникс 58:79 (87:78 прв натпревар),
Химки – Валенсија 76:61 (75:76) и
Каршијака – Гран Канарија 74:75 (66:76).
Двојките за полуфиналето се:
Химки – Банвит и
Гран Канарија – Уникс.