Обука за користење високотехнолошки методи во архелогијата

Од:

Управата за заштита на културното наследство во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија и фирмата „Геоархео“ од Хрватска, оваа недела (22-29 март) организира обука за користење високотехнолошки методи во архелогијата.

Обуката за работа со георадар, кој го поседува Управата, ја прават Горан Скелац, дипломиран археолог и Јурица Горичанец, инжeнер по електротехника од „Геоархео“, на археолошкиот локалитет Скупи.

Методите на истражувањата се археолошка геофизика, примена на георадар, теренски преглед и документирање. Теренскиот дел подразбира геофизичко снимање во висока резолуција а со цел картирање на подземните структури на локалитетот и нивна интерпретација.

Во рамки на обуката е направено и снимање на античкиот театар во Скупи со беспилотно летало од мала висина, со чија помош се добива снимка со високарезолуција од која се изработува орто фотографија и 3D модел на теренот.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска

Статуи на Афродита и Дионис откриени во Турција

Ана Ололовска