Невработените без пријавување до здравствено осигурување

Од:

Невработените лица кои имаат континуитет во здравственото осигурување, односно во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот за здравствено осигурување, од 1-ви април годинава нема потреба да носат документи на шалтерите во подрачните служби за нова пререгистрација од оваа година. Фондот по службена должност ќе врши пререгистрација во задолжително здравствено осигурување, информираат од ФЗОМ.

Осигурувањето автоматски ќе им биде продолжено  и ќе имаат континуирано здравствено осигурување заклучно со 31 март следната година.

Како што соопштија денеска од ФЗОМ, регистрацијата ќе биде задолжителна само за оние невработени лица кои прв пат се пријавуваат за здравствено осигурување.

Фондот, врз основа на електронски добиените податоци од УЈП, според остварените нето приходи како семејство, определува во која категорија припаѓа осигуреното лице.

Од Фондот информираат дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравствено осигурување (брачен другар, деца).

Според ФЗОМ, согласно нето приходот остварен во 2014 година, до 105.600 денари, здравственото осигурување го покрива државата, од 105.600 до 189.864 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 17.600 денари здравственото осигурување го покрива државата, од 105.600 до 189.864 денари, здравственото осигурување го плаќа осугуреникот во износ од 50 проценти на просечна плата односно 1.155 денари месечно и над 189.864 денари здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 100 отсто на просечна плата, односно 2.310 денари месечно.

– По извршената проверка на податоците, доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не го пријавило тоа и користело здравствени услуги, Фондот, по службена должност, ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице. Ако невработениот даде податоци за остварени нето приходи кои не се во согласност со податоците добиени од Управата за јавни приходи, му престанува својството на осигурено лице со што му се укинуваат правата од задолжително здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош, се наведува во соопштението.

Решенијата сите осигуреници ќе ги добијат по писмен пат преку пошта.

За сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222 или на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on