САД го забавуваат повлекувањето од Авганистан

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека 9.800 американски војници ќе останат во Авганистан до крајот на годината. Обама посочи дека војниците ќе останат во Авганистан на барање на претседателот Ашраф Гани.

Обама по состанокот со Гани предупреди дека Авганистан „и понатаму претставува опасно место“ и оти затоа е важно да се одржи соработката на полето на безбедноста меѓу двете земји.

Американскиот претседател планираше да го намали бројот на војници во Авганистан на околу 5.500 до крајот на годината.

Гани стана претседател на Авганистан минатата година и воспостави многу подобри односи со Вашингтон во споредба со неговиот претходник Хамид Карзаи.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД