(ВИДЕО) Пандов: Заев ќе заврши во затвор за еден месец

Од:

Мене ми стои дека судската постапка се ближи и дека во наредниве месец дена во делот на прислушување очекувам дека четвртообвинетиот Зоран Заев ќе заврши во затвор. После тоа претпоставувам ќе се оди на вториот дел, автентичноста на разговорите и правните последици од тоа, рече активистот на ГДОМ и бранителот на политиките на власта, Александар Пандов во дебатата на 24 вести.

-Ако тие се автентични разговори, ако се стекнати како што треба, или ако има правно дејствие од некој настан што е слушнат ќе биде прашан што е со него. Конечно, СДСМ како сериозна партија ќе добие ново раководство, нов нормален европски лидер, пратениците ќе се вратат во парламентот и ќе се продолжи со нормалното партиско живеење. Искрено верувам дека, наскоро ќе има после тоа избори во СДСМ на кои ќе се избере нов лидер, и пратениците ќе се вратат во парламентот, рече Александар Пандов.

Според него, доволен доказ е шестообвинетиот кој направил договор со обвинителството за што добил три години затвор.

-На кој суд, смешни сте, во овие судови на ВМРО, судот секој ден оперира со човечки судбини. Постоел петти и шести обвинет со кој Мијалков наместил. Онака као што Љубе го наместивте, осум години. Судот кој е маша на Мијалков, тој решава за најситните одлуки на судот, да не зборуваме за крупните. Која мисла е тоа за петтиот и шестиот, ова е халуцинација, рече Никола Гелевски, колумнист.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он