Награда на ЕУ за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција

Од:

Европската унија годинава првпат воведува награда за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција, чија цел е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од регионот.

Наградата е востановена од Европската комисија, односно од Директоратот за проширување во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ која ја идентификува потребата од обезбедување слобода за изразување во медиумите и за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите.

– Истражувачкото новинарство е многу тешка задача, но и многу наградувачка во однос на резултатите кои што можат да произлезат од тие текстови. Сите имаат придобивка од тоа без разлика дали се работи за читатели, новинари или дури владите, рече на денешната промоција на наградата Роберт Лидл од Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Наградата од ЕУ за истражувачко новинарство ќе се доделува еднаш годишно во период од три години почнувајќи од 2015 заклучно со 2017 година. Оваа година наградата ќе се додели за истражувачко новинарство за стории продуцирани во 2014 година. Вкупниот награден фонд за седумте земји кои припаѓаат на овој регион за трите години изнесува 210 илјади евра, а годишно за секоја земја изнесува по 10 илјади евра. Предвидено е да бидат наградувани од една до три истражувачки стории, а наградите да изнесуваат од три до пет илјади евра.

Ќе биде избрана и најдобра истражувачка сторија во регионот од победниците на националните конкурси во сите седум земји. Победникот ќе има можност за студиска посета на редакцијата на Гардијан во Лондон.

Наградата ќе биде администрирана од регионално партнерство на граѓански асоцијации кои ќе бидат координирани од Мировниот институт во Љубљана кој е избран од ЕК, а пак Европската комисија ќе го надгледува наградниот процес. За Македонија наградата ќе ја администрира Македонскиот институт за медиуми.

На конкурсот може да се аплицира со истражувачки стории објавени на радио, ТВ и интернет помеѓу 1 јануари и 31 декември 2014 година, а кои се фокусирани на прашања поврзани со транспарентност на институции, прекршување на човековите права, корупција и организиран криминал. Рокот за поднесување на апликацијата е до 23 април.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on