Неодолива торта со моркови

Од:

Двокатна торта, моркови и крем од сирење и путер …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
4 поголеми јајца (на собна температура)
60 мл сончогледово масло
180 мл растопен путер
1 лажиче екстракт од ванила
280 гр брашно (пола меко, пола остро)
400 гр шеќер
2 лажичиња прашок за пециво
1 лажиче цимет
прстофат мелено морско оревче
прстофат сол
375 гр изрендани моркови
60 гр суво грозје

за кремот:
450 гр крем сирење (на собна температура)
110 гр путер (на собна температура)
250 гр шеќер во прав
неколку капки екстракт од ванила

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени. Тавата или калапот во која ќе ја печете тортата малку намастете ја и обложете ја со хартија за печење.

– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, зачините, прашокот за печење и солта.

– Во друг сад изматете ги убаво јајцата, потоа додадете ги маслото, путерот и екстрактот од ванила.

– Сувите состојки додадете ги во садот кај јајцата и полека измешајте ја смесата додека не се поврзат сите состојки. Постепено додадете ги и морковите и сувото грозје.

– Горната смеса поделете ја на два дела за да добиете две бисквитни кори.

– Прво едната смеса ставете ја да се пече во загреана рерна околу 30-35 минути, односно додека не порумени. Потоа истото повторете го со втората кора.

– Оставете ги корите убаво да се изладат.

– За тоа време преминете на подготовка на кремот. Во еден сад ставете ги путерот, крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила и изматете со миксер на најмала брзина. Матете додека не добиете хомогена смеса.

– Премачкајте ја првата кора со 1/2 од кремот, а потоа одозгора ставете ја втората кора и исто премачкајте ја со преостанатиот крем.

– Оваа превкусна торта послужете ја на собна температура, но може да стои неколку дена во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска