Сефер Цаноски: Сите ќе платите и ќе одговарате

Од:

Што и да кажам после ова што денеска го чувме е залудно. Но едно знам. Знам дека сите ќе платите и ќе одговарате за целото зло што сте го направиле. Во тоа сум повеќе од сигурен, напиша Сефер Цаноски на својот Фејсбук профил по објавувањето на нови снимки од страна на СДСМ, а според кои Никола Груевски и Миле Јанакиески правеле сплетки околу објектот „Космос“ на неговиот татко, Фијат Цаноски.

„Да, вистината е навистина како шило и излезе на виделина и уште еднаш јавно, ќе му заблагодарам на Зоран Заев, за мене еден од најчесните и најискрени политичари на денешницата во Република Македонија и пошироко. Време е за чесни и искрени луѓе во политиката, во бизнисот, во нашава скромна држава во секој поглед. Кога оние кои вработуваат, хранат стотици фамилии ги рушите и уживате во сето тоа, тогаш тоа е повеќе од доволно да сфатиме дека вие сте на погрешна позиција во погрешно време.
Господ да ни е на помош на сите кои живееме и си ја сакаме оваа наша Македонија со ваква власт и луѓе кои наместо да бидат пример со нивното однесување штетат на младо и на старо. На генерации кои ова го слушаат како едниствен, уникатен и негативен пример во историјата од нашето постоење…

Покојниот Борис Трајковски нашиот личен пријател велеше: Господ да ја благослови Македонија. Дај боже претседателе да ја благослови оти црно ни е пишано“, напиша Цаноски на Фејсбук.

Screenshot_2

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски