Солен ролат со ореви

Од:

Подгответе го овој декоративен солен ролат и спремно дочекајте ги гостите …

Потребно е:
за кората:
8 јајца
4 лажици мелени ореви
4 лажици сецкани ореви
2 лажици брашно
100 мл млеко
1 кесичка прашок за пециво
1/2 лажиче сол

за филот:
500 мл кисела павлака
300 гр фета сирење
100 гр рендана пршута (или шунка)
кисели краставички
1 лажица мајонез
оригано
магдонос

Подготовка:
– Прво подгответе ја кората. Изматете ги убаво белките во густ снег. Посебно изматете ги жолчките со млекото и додадете ги мелените и сецканите ореви, брашното, прашокот за пециво и сол. Измешајте за да се соединат сите состојки.

– Горната смеса додадете ја во снегот од белки и внимарелно измешајте. Добиената смеса сипете ја во намастена и со брашно посипана тава.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Додека се пече кората преминете на подготовка на филот. Во еден сад ставете ги изренданата пршута (или шунка), издробеното фета сирење, ситно сецканите краставички, павлаката, мајонезот и зачините. Убаво измешајте.

– Изладената кора намачкајте ја рамномерно со филот и завиткајте ја како ролат. Ролатот одозгора намачкајте го со разматена павлака и украсете по желба.

– Пред да го послужите ставете го малку да стои во фрижидер за да се стегне.

– Исечете го на парчиња и послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска