Претседателот Иванов се обрати на одбележувањето на јубилејот 45-години од возобновувањето на Охридската архиепископија што се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.
„Во време на своевидна ерозија на моралните и духовните вредности, во свет обременет со економска криза, конфликти и нестабилност, духовното е она што му е потребно на современиот човек“, истакна претседателот на Република Македонија.
„Прославуваме 45 години, светол јубилеј што зборува за искрената и длабока посветеност на православниот македонски народ кон својата црква, истакна Иванов.
– Црквата не е само место за религиозни обреди, туку духовен простор за искрена вера во Бога. Црквата се и храмовите, уметноста и писменоста, но пред се тука се верниците. Тоа е место каде човек се надградува, духовно, етички и просветено, каде верникот го учи златното правило дека треба да се однесува кон другите како што сака другите да се однесуваат кон него – со почит, добра мисла и љубов“, додаде тој.