Германскиот фотограф Марк Сеглат (47) со својата камера забележал несекојдневна глетка, односно вулканска ерупција и удар на гром истовремено.
Станува збор за вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу кој што е активен уште од 1995 година и кој константно му се заканува на градот Кагошима во кој живеат околу 600.000 лица.
Ваквите молњи се случуваат во тек на вулканска експлозија, кога вулкан ќе исфрли врел пепел со камења и гасови во воздухот.
Е.Г.