Отворено писмо на Реактор до советот на Општина Центар

Од:

Реактор-Истражување во акција јавно ја изразува својата поддршката за иницијативата за референдум во Општина Центар за изгледот на ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР – Скопје.

Една од целите на нашата организација е да го промовира учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво, а особено во врска со развивањето и урбанистичкото планирање.[1] Вклучувањето на поширокото општество во процесот на урбанистичкото планирање и изгледот на заедницата е од суштинско значење во денешните демократии, во што секако спаѓа и можноста граѓаните директно да учествуваат и влијаат на прашања од локален интерес.[2] Обезбедување на вакви можности од страна на локалните власти е клучно, бидејќи со нив се регулираат формите, просторите и местата кои што граѓаните ги користат и во кои тие живеат и работат.

Токму затоа учеството на јавноста се гарантира со правната рамка на урбанистичко планирање и во работата на локалните власти. За жал, во пракса учеството е најчесто формално, па дури и сосема недостасува.[3] Затоа, сметаме дека е особено значајно да се поддржи оваа иницијатива за граѓански референдум во Центар и со тоа да се обезбеди активна улога на граѓанинот во процесот на донесување одлуки. Ваквата улога е во духот на Европската урбана повелба на која се приклучија општините од Македонија во рамки на Соверот на Европа:

„Ние, европските локални избрани претставници, гo делиме ставот дека жителите на нашите градови не можaт во целост да го доживеат нивниот град без да бидат одговорни, активни и информирани граѓани. Ние веруваме дека урбаната демократијата, која долго време е училиште за национална демократија, може да го оживее јавниот дух на нашите граѓани и нивниот апетит за демократија.“

Совет на Европа, Европска урбана повелба (II) – European Urban Charter

 

Истовремено, референдумот – како најавтентична форма на граѓанска демократија – ќе им обезбеди можност на сите граѓани од општината директно да влијаат и заеднички да одлучат за ова важно прашање кое е од интерес за заедницата. Имено, во нашето последно истражување за граѓанско учество, мнозинството граѓани одговориле дека би сакале да бидат повеќе вклучени во одлуките што ги носи општинскиот совет кои го засегаат нивното место на живеење:

  • На 80% од возрасните и 74% од младите им е важно да имаат можност да влијаат врз одлуките во нивната локална заедница.
  • Граѓаните се чуствуваат позадоволни кога знаат дека можат да влијаат. [4]

 

Сепак, и покрај големата желба за учество и чувството за одговорност кон заедницата, постои песимизам меѓу граѓаните околу можноста за некакво влијание врз одлуките што се носат во локалната заедница. Токму затоа, одлуката на Советот на Општина Центар по оваа граѓанска инцијатива добива уште поголемо значење.

Се надеваме дека ова отворено писмо до советниците на Општина Центар ќе ги поттикне да ја подржат иницијативата за референдум, со што директно ќе им овозможат на граѓаните да го реализраат своето уставно загарантирано право“, се вели во отвореното писмо на Реактор до Општина Центар.



[1] Види, на прiмер, проект Скопје Расте.

[2] За повеќе види: Реактор. 2012. The Effect of Urban Methodology and Practice. Достапно на: http://reactor.org.mk/Publications.aspx?id=4&&catID=3&lang=en-US

[3] Како резултат на тоа, во последната деценија Уставниот суд поништува барем еден детален урбанистички план на годишно ниво, поради фактот што недостасувала јавна дебата. Уставен суд (www.usud.gov.mk), пресметки на Реактор

[4] Студија за граѓанско учество, Реактор, 2014. Повеќе информации за студијата може да добиете на www.graganskoucestvo.mk

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски