Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица“, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално започна реализацијата на услугата за оваа година.

Преку проектот „Центар се грижи за возрасните“ , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост“, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови.

„Со оваа услуга излегуваме во пресрет на нашите повозрасни центарци со цел да бидат функционални и полесно да се справуваат со секојдневните обврски. Со помошта на стручните лица, физиотерапевти и негуватели им обезбедуваме на нашите сограѓани подобри пензионерски денови и полесна старост“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Пензионерот Христо Станковски кој веќе неколку години ја користи услугата, се заблагодари за грижата и изрази задоволство од поддршката што ја добива преку општината.

Општина Центар информира дека сè уште има слободни места за овој проект. Заинтересираните можат да аплицираат од 1 до 15 секој месец во Архивата на Општина Центар , во период од 08:00 до 15:00 часот.

Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен