Класичен француски колач со јаболки

Од:

Колачот е мек, полн со овошје, вкусен, вистинско уживање …

Потребно е:
за тестото:
120 гр путер (или маргарин)
1 лажица шеќер
1/4 лажиче сол
1 жолчка
2 лажици или 30 мл ладна вода
150 гр брашно

за филот:
3 големи јаболки
2 лажици шеќер
50 мл сок од јаболки
50 мл вода
2 лажичиња цимет
прстофат мелено каранфилче
прстофат мелено морско оревче
рендана кора од 1/2 лимон

уште:
2 јаболки
2 лажичиња џем од кајсии
1/2 лимон
1/2 лажиче шеќер

Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги омекнатиот маргарин и сите останати состојки. Замесете фино мазно тесто. Тестото завиткајте го во пластична фолија и ставете го половина час во фрижидер за да се стегне малку.

– За тоа време подгответе го филот. Јаболките излупете ги и исецкајте ги на коцкички, полијте ги сокот од јаболки и водата, додадете го шеќерот, изренданата кора од 1/2 лимон и динстајте ги додека не омекнат и не испари вишокот течност.

– Во јаболките додадете цимет, морско оревче и каранфилче. Испасирајте ги со вилушка и оставете ги убаво да се изладат.

– Тестото ставете го на набрашнета маса и развлечете го со дијаметар поголем од тавата во која ќе го печете (24 см).

– Тавата убаво намачкајте ја со путер и ставете го тестото. Направете рабови од тестото. На тестото ставете го изладениот фил од јаболки.

– Останатите јаболки (околу 400 гр) исецкајте ги на тенки листови, исцедете врз нив сок од лимон (за да не потемнат) и наредете ги над филот, од надвор кон внатре, како на сликата. Посипете 1/2 лажиче шеќер над јаболките.

– Вака подготвениот колач ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 10-тина минути, а потоа уште 20 минути на 175 степени, односно додека тестото не порумени.

– Џемот од кајсии со сокот од половина лимон растопете го на рингла (може и во микробранова печка). Со оваа смеса премачкајте го готовиот колач поради поубав сјај.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска