Во Мароко денеска беа обновени преговорите меѓу непријателските либиски фракции под покровителство на Обединетите нации.
На средбата учествуваат претставници на меѓународно признаената Влада, која има седиште во Тобрук и происламистичкиот поранешен привремен парламент, кој заседава во Триполи.
На преговорите присуствува и специјалниот пратеник на ОН за Либија, Бернардино Леон, со когоо претставниците на делегациите одделно ќе разговараат за предлогот за формирање на влада на национално единство и за создавање на услови за повлекување на вооружените групи од градовите.