Заев – Белели: Кристално јасно е дека во Македонија нема независен правосуден систем

Од:

Актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие состојби врз европските перспективи беа теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели.

– Обелоденетите докази ги потврдија сите загрижености нотирани во домашните и меѓународните извештаи, на ЕУ, САД, ОБСЕ, последно и на ООН, за урнисувањето на правната држава и за загрозените човекови права во Република Македонија. Директна потврда за автентичноста на објавените разговори и за влијанието на извршната власт на Никола Груевски врз судството денеска дојде од поранешниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски. За сите веќе е кристално јасно дека во Македонија нема независен правосуден систем и дека нема правда. Институциите се окупирани од мала група на чело со Груевски и се принудени да работат исклучиво за нивните лични и бизнис интереси. Оваа власт повеќе нема легитимитет. Решение е преодна Влада што ќе овозможи враќање на слободата и демократијата во Македонија, рече претседателот Заев.

На средбата стана збор и за можностите за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев